Денови на расположение на Камп Ноу - Хрватот ќе стави потпис, клаузула 125 милиони евра

Продолжувањето на договорот ќе биде официјално во петок.

Ова се денови на големо расположение на Камп Ноу. Само ден после историската елиминација на ПСЖ во 1/8 финалето во ЛШ во Барселона повторно задоволно ги тријат рацете. Каталонците ги договорија сите детали со Иван Ракитиќ кој во дресот на Барселона ќе остане до јуни 2021-ва година.

Во договорот ќе стои клаузула од 125 милиони евра.

Ракитиќ на Камп Ноу стигна во 2014-та година, а моментално ја игра својата трета сезона во дресот на каталонците.