Дерби во Северен Лондон за фудбалер на Манчестер јунајтед!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал и Тотнем во свои редови го сакаат стоперот на Манчестер јунајтед, Ерик Баи.

Фудбалерот од Брегот на слоновата коска беше едно од првите засилувања на Жозе Мурињо, а иако на почетокот се покажа добро, сепак потоа следуваа многу повреди.

Поради тоа не е во форма и би можел да го напушти „Олд Трафорд“, па за неговите услуги ќе се борат двата споменати лондонски гиганти.

Баи во 2016 година беше платен 35 милиони евра, но ќе видиме колку ќе бидат подготвени да понудат Арсенал и Тотнем.