Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Голманот на репрезентацијата на Шпанија, Давид Де Геа прими шест погодоци во последните два меча и се уште не нуди сигурност по своите лоши улоги на СП во Русија.
Дебатата за голманот на Манчестер Јунајтед останува отворена. На СП во Русија понуди катастрофални партии, но Луис Енрике од првиот ден покажа дека е негова прва опција токму голманот на Манчестер. Тогаш изгледаше дека дебатата е завршена. Никој ништо не оспори по одлуката на Енрике и сите се надеваа дека Де Геа ќе процвета, но одвај.
Шесте погодоци кои ги прими во последните два меча го вратија во центарот на контроверзиите.
Еден, од трите гола колкушто Шпанија ги прими тој едвај можеше да реагира подобро, иако не е единствен виновник за примените погодоци.
Кај вториот гол, кој дојде по луцидноста на Модриќ, топката стигна до Једвај кој беше сам, но Де Геа не се ни помордна.
Де Геа не беше стартер во националниот тим се до заминувањето на Касиљас. Го презеде местото меѓу стативите на ЕП во Франција. На тој турнир Шпанија не се прослави, и испадна во вториот круг.
СП во Русија беше негов втор голем турнир и таму имаше најдобра прилика да покаже зошто го сметаат за еден од најдобрите чувари на мрежата во Европа. Претходно во две пријателски натпревари, против Аргентина и Швајцарија, Де Геа направи две грешки, но сите тврдеа дека тој меч е само тест.
Меѓутоа, изгледаше дека неговата самодоверба е поткопана и тоа го потврди на првиот меч од СП.
Од тогаш сите се сомневаа во големанот на националниот тим. Го заврши турнирот како голман со најслабо постигнување. Тој сопре една топка од единаесет шутеви кон голот.
Меѓутоа, неговата кариера во Манчестер Јунајтед исто така не сугерира дека Де Геа е голман каков што мислат. Од 2011. година, без оглед што треба да се чувствува самоуверен, и со оглед на довербата која ја ужива, прими 331 гол во 331 натпревар.
На крајот од мечот, неговите соиграчи повторно го бранеа: „Давид не беше виновник за поразот“.