Дефо доби божиќен подарок, кој го заслужи пред десет години! (ВИДЕО)

Повеќе од десет години Џермеин Дефо чекаше медал, кој го освои со Тотнем. Трипати во својата кариера настапуваше за гигантот од Лондон, а конечно беше исправена грешката.

Во сезоната 2007/08 Тотнем го освои трофејот во Лига Купот со триумф против Челси во продолженијата. Дефо во финалето на „Вембли“ беше член на Портсмут, каде што се пресели еден месец порано, а поради тоа остана без медал.

„Се сеќавам дека дадов допринос за да стигнат момците до финале, а потоа се опуштив и гледав како го освојуват трофејот“, вели Дефо.

Неправдата беше исправена, откако претставници на натпреварувањето го посетија тренингот на Борнмут и му го дадоа медалот.