Де Геа одби нова соработка со „Црвените ѓаволи“: Блокирањето на процесот се вика Санчез?!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Давид Де Геа ја одби понудата на Јунајтед, Шпанецот не сака да биде втор најплатен играч во клубот, имено, „Ѓаволите“ му нудат 350 илјади фунти неделно, додека Санчез со бонусите остварува околу половина милиони.

Манчестер Јунајтед не сака како да се ослободи од Чилеанецот кој е чисто промашување, а од друга страна, ниту како да го задржи реално својот најдобар играч, голманот кому договорот му истекува 2020. година.

Од друга страна, Де Геа нема намера да замине, ако му ги исполнат условите, но во прашање е голема сума. На крајот, тешко е да се поверува дека клубот нема да попушти, со оглед на тоа дека би можеле да дозволат да биде слободен без оштета, а тука се и ПСЖ и Јувентус за 18 месеци.