Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За разлика од претходните години на Ф4 турнирите во лигата на шампионите на прес-конференцијата после натпреварот вардарки имаа насмевки на лицата како награда за целиот вложен труд, за покажаното на теренот и триумфот над европскиот првак ЧСМ Букурешт од 38-33 (21-13).
Во репризата на ланското полуфинале овојпат Вардар беше подобар во текот на целиот натпревар. Од почеток до крај „црвено-црните” го диктираа темпото, играта, резултатот.
И противничкиот тренер Пер Јохансон призна дека Вардар бил подобар и заслужено триумфирал.
Ирина Дибирова – тренер на Вардар
„Имавме добра анализа пред средбата и добро се спремивме. Ништо не нѐ изненади на натпреварот. Првите 10 минути беа клучни за натпреварот.“
Андреа Пенезиќ – играч на Вардар
„Ова е како остварување на сонот. Четврта сезона играме и првпат сме во финале. Сакам да им честитам на сите колешки, бевме одлични, моќни и ментално силни и ја заслуживме победата.“
На утрешното финале, од 17,45 часот, Вардар ќе игра со Ѓер.