Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид во текот на летото сигурно ќе бара нов голман. Зинедин Зидан не е премногу задоволен од услугите кои ги дава Кејлор Навас, а како кандидати за неговата замена се споменуваат Давид Де Геа и Тибо Куртоа.
Атлетико Мадрид би сакал Кралевите да го купат првиот голман на Јунајтед, откри извршниот директор на Атлетико Мадрид, Анхел Гил Марин.
Де Геа долго време се споменува како засилување на Реал, а пред две години за малку не заврши на „Сантијаго Бернабе“.
Шпанскиот репрезентативен голман во моментот брани за Манчестер Јунајтед, а е дете на Атлетико Мадрид, па изјавата на Марин е интересна бидејќи извршниот директор сака Де Геа да заврши во редовите на лутиот градски ривал.
„Би сакал Реал да го купи Де Геа бидејќи би добиле 5% од тој трансфер“, објасни Марин за „Radio Onda Cero“.