Добри вести за Наполи: Се враќа замената на Игуаин


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Полскиот репрезентативец, Милик ова лето стигна во Наполи како замена Игуаин кој премина во Јувентус.

    Милик во првите неколку натпревари покажа дека ќе биде големо засилување, а навивачите беа воодушевени од неговото доаѓање.

    Сепак, работите тргнаа во лош правец пред неколку денови кога тој доживеа тешка повреда.

    По дополнителните истраги беше потврдено дека тој ќе отсуствува 6 месеци.

    Меѓутоа, денес се огласи неговиот агент Пантак кој со својата изјава ги израдува сите навивачи на Наполи.

    Тој изјави дека Милик на теренот ќе се врати побрзо од што се очекуваше.

    „По прегледите докторите рекоа дека ќе биде рехабилитацијата помеѓу 4 и 6 месеци. Денес зборував со нив и тој ми рече дека сега напорно работи. Јас сум сигурен дека тој ќе се врати за 3 месеци.“