Дожд од голови на „Емирати“, Атлетико сигурен против Спортинг


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Арсенал на домашен терен го декласира тимот на ЦСКА Москва со 4:1, а сите голови беа постигнати во првиот дел.

Голеадата ја отвори Рамзи со гол во деветтата минута, а ЦСКА во мечот се врати само шест минути подоцна со прекрасниот гол на Головин од слободен удар.

Сепак, топчиите до крајот на полувремето постигнаа уште три гола. Најпрво Лаказет зголеми на 2:1 од пенал во 23. минута, а потоа следуваше најубавиот гол на вечерта кога Рамзи на одличен начин го матираше Акинфеев. Четвртиот гол повторно беше дело на Александре Лаказет.

Атлетико Мадрид на „Ванда Метрполитано“ забележа сигурна победа од 2:0 против Спортинг Лисабон. Коке ја погоди мрежата на гостите по само 20тина секунди игра, а вториот гол беше дело на Гризман во 40. минута за конечни 2:0. Стефан Ристовски не доби шанса од тренерот на овој натпревар.

Резултати

Лацио- Салцбург 4:2

Арсенал- ЦСКА 4:1

Атлетико- Спортинг 2:0

РБ Лајпцијг- Марсеј 1:0