Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во текот на денешниот ден излезе вест дека Челси и Гонзало Игуаин „си пуштиле рака“ за соработка и сега се чека само договор на Челси со Јувентус кој пак треба да го врати Аргентинецот од Милан и потоа трансферот да се комплетира.
Сепак, доколку не успеат во намерата да го донесат 31 годишниот напаѓач, од Челси се подготвени да издвојат нереална сума за новиот англиски репрезентативец и напаѓач на Борнмут, Калум Вилсон.
„Скај Спортс“ пренесува дека од Челси се подготвени да платат неверојатни 50 милиони фунти за играчот кој блеска оваа сезона.
Доколку некој од овие двајца пристигне на „Стемфорд Бриџ“ тоа ќе значи дефинитивен крај за Мората за кого има интерес од редовите на Севилја.