Доколку УЕФА го исфрли Сити, Јунајтед или Арсенал ќе игра на негово место во ЛШ!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Манчестер јунајтед или Арсенал ќе играат во Лигата на шампиони (ЛШ) наредната сезона, доколку УЕФА го казни Манчестер сити и го исфрли од елитното европско натпреварување.

Германскиот магазин „Шпигел“ објави приказна дека Сити правел малверзации преку спонзорски договори и поради тоа може да добијат жестока казна.

Доколку се покаже дека има вистина во овие шпекулации, тогаш УЕФА дефинитивно ќе го казни клубот од Манчестер, иако тие сметаат дека нема да се случи такво нешто, зашто немало ништо нелегално.

„Не, нема да добиеме суспензија“, кажа Гвардиола.