Доминација од стартот до финишот – Луис Хамилтон победи во Кина


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи на трката за ГН на Кина.

Британецот стартуваше од пол позиција и остана на првата позиција по стартот. Одличен старт имаше Ферстапен кој успеа да стигне до втората позиција. Фетел падна на петата позиција, па го помина својот клупски колега Кими Раиконен, а неколку круга подоцна и Рикиардо, па стигна до третата позиција. Германецот брзо му се приближи на второпласираниот Ферстапен кој без борба го предаде второто место на Фетел. Вториот возач на Мерцедес, Ботас направи грешка при излегувањето на сејфти кар возилото и падна неколку позиции. И после заминувањето во пит стопот на Хамилтон немаше промена на лидерската позиција.Ферстапен шест круга пред крајот во борбата за третата позиција го помина својот клупски колега Рикиардо за искачување на подуимот. Луис го одржуваше водството до крајот на трката пред Фетел и победи на трката во Кина.

1.Луис Хамилтон – Мерцедес
2.Себастијан Фетел – Ферари
3.Марк Ферстапен – Ред Бул
4.Даниел Рикиардо – Ред Бул
5.Кими Раиконен – Ферари
6.Валтери Ботас – Мерцедес
7.Карлос Сајнц – Торо Росо
8.Кевин Магнусен – Хас
9.Серџо Перез – Форс Индија
10.Естебан Окон – Форс Индија
11.Роман Грожан – Хас
12.Нико Хулкенберг – Рено
13.Џојлон Палмер – Рено
14.Фелипе Маса – Вилијамс
15.Маркус Ериксон – Заубер

Трката не ја завршија:

Фернандо Алонсо – Мекларен
Даниел Квјат – Торо Росо
Штофел Вандорн – Мекларен
Антонио Џовинаци – Заубер
Ленс Строл – Вилијамс