Донарума: Притисокот е огромен, но јас никогаш не чуствувам страв


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Голманот на Милан, Џиџи Донарума, во италијанските медиуми дискутираше за амбициите на клубот и за неговата одговорност на голот на големиот италијански гигант.

Иако има само 18 години, чуварот на мрежата на „Росоњерите“ изгледа сигурен на голот и вели дека никогаш не почуствувал страв.

„Најмногу што ми се допаѓа кај голманите е одговорноста што тие треба секогаш да ја сносат. Гордоста исто, бидејќи тие се секогаш пред навивачите и ја пратат целата игра, па понекогаш ги советуваат одбрамбените играчи кај грешат.“

„Голманските позиции не се за играчи кои имаат слаб карактер. Голема тежина лежи во тоа и мораш да ја носиш на своите плеќи, но сепак иако одговорноста е голема, голманскта работа е полна со предизвици, затоа ја сакам“ – изјави Џиџи Донарума и додаде:

„Буфон е фигура на која се огледував уште од мал. Тој многу ми помогна во репрезентацијата, ми дава совети и ми ги открива голманските тајни за време на репрезентативните тренинзи“

Донарума за Милан, во најсилната италијанска Лига, дебитираше на само 16 години во победата на „Росоњерите“ против Сасуоло со 2-1 во 2015 година.

Кога беше запрашан за амбициите на клубот младиот голман, не мислеше многу и брзо одговри:

Целта на клубот е да се врати во Лигата на Шампионите, таму кај што припаѓа. Битката за Скудетото ќе биде тешка но не и невозможна“ – заврши Џиџи.