Донација од ФФМ за клубовите од Третите лиги

Од Фудбалската федерација на Македонија донираа опрема на клубовите од Третите лиги во сите шест региони во државата. Вкупно 71 клуб од ФФМ добија спортска опрема, фудбалски мрежи и фудбалски топки.

Сите наши клубови заслужуваат соодветно внимание и поддршка, токму затоа ни е драго што Фудбалската федерација на Македонија преку донација на опрема и фудбалски топки им дава поддршка на клубовите од Третите лиги во шесте региони во државата. Сите заслужуваат еднаков третман, а ние се обидуваме да обезбедиме средства и опрема за сите. За тимовите, посебно тие кои се натпреваруваат во понизок ранг е значајно кога има некој што може да им помогне. ФФМ секогаш ќе биде на нивна страна“-  изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Минатата недела ФФМ донираше опрема од средствата добиени од Шампионската лига. Средствата  се наменета за развој на младинскиот фудбал во клубовите, а од истите исто така се подмируваат и трошоците за службените лица во младинските натпреварувања при ФФМ и исто така се плаќа месечен надомест за координаторите на младинските категории во клубовите.