Дончиќ израмни рекорд на Леброн и Дурант (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ во победата на Далас Маверикс против Детроит од 106-101 постигна 32 поени и израмни рекорд во НБА-кариерата.

Бекот на Далас уште еднаш воодушеви со својата игра, а покрај тоа што беше најефикасен во својот тим, за 35 минути имаше и по осум скокови и осум асистенции.

Дончиќ така му се придружи на Леброн Џејмс (двапати) и Кевин Дурант, кои се единствените пред него како тинејџери кои завршиле натпревар со споменатиот статистички учинок.

Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид во првата сезона во НБА-лигата во просек постигнува по 19,9 поени, 6,8 скокови и 5,3 асистенции.