Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Ѕвездата на Реал Мадрид, Иско, одби да се пресели во Манчестер јунајтед летово.
„Дон Балон“ пишува дека Манчестер јунајтед испратил понуда од 180 милиони евра, но Шпанецот одбил да се пресели во Англија бидејќи не сака да соработува со Жозе Мурињо.
Иско претпоставува дека ќе има големи проблеми на „Олд Трафорд“, па не сака да си ја уништи кариерата и неговата желба е да остане во Мадрид.
Добра вест за Шпанецот е тоа што сега тренер на „кралевите“ е Хулен Лопетеги, кој е познат по неговиот стил на игра, како и тоа дека смета повеќе на шпански играчи, па Иско би можел да добие поголема шанса во наредната сезона.