Дортмунд може да купи фантастичен напаѓач за „мали“ пари!?

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пако Алкасер, кој пристигна во Германија на позајмица од Барселона би можел да остане таму.

„Милионерите“ конечно најдоа добра опција во нападот по заминувањето на Пјер-Емерик Обамејанг.

Играчот кој е позајмен од Барселона не беше во прв план, но по четири настапи постигна дури седум гола.

Алкасер често влегува во игра, а во тие моменти противниците се во големи проблеми.

Каталонски „Спорт“ пишува дека Дортмунд може да го откупи Алкасер за само 23 милиони евра.