Дракслер со јасен одговор околу шпекулациите кои го поврзуваа со трансфер во Баерн Минхен

Германскиот репрезентативец Јулиан Дракслер истакна дека никогаш не бил во преговори со БАерн Минхен во овој летен преоден рок.

Играчот на ПСЖ истакна дека е среќен во Франција и дека не планира да си замине од таборот на францускиот шампион.

„Баерн е најуспешниот тим во Германија. Се друго е шпекулација. Никогаш не сум бил во преговори со официјални лица од клубот“- коментираше Дракслер за „Спорт 1“.