Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот фудбалер Немања Матиќ итно е опериран во вистинска драма која се случила за време на неговиот престој во Филаделфија, каде Србинот се наоѓа на подготовки со Манчестер Јунајтед.
Имено, како што дознава „Информер“, лекарите мислеле дека на Немања Матиќ му пукнала стомачната аорта, нешто што во најлоши случаи може да предизвика и смрт. Сепак, за среќа дошло само до проширување на аортата, па Матиќ сега е многу подобар.
„Драматично беше. Се сомневавме на најлошото. На Немања навистина да му пукнеше аортата во стомакот, тогаш би можело да има фатални последици. За среќа испадна дека се работи само за проширување на стомачниот ѕид. Тоа не е во таа мера толку сериозно, проблемот е саниран со операција и Немања сега се чувствува многу подобро“- истакна за „Информер“ извор близок до семејството Матиќ.
Српскиот фудбалер во моментов е добро и е пуштен од клиниката, а во следните денови се очекува да почне и со полесни тренинзи.