ДС Јунајтед го претстави Руни (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од редовите на ДС Јунајтед и официјално го објавија трансферот на Вејн Руни кој во САД пристигнува од тимот на Евертон.

Легендарниот англиски фудбалер со клубот од МЛС Лигата потпиша три и пол годишен договор, а во новиот клуб ќе го носи дресот со број 9.

„Фантастично е што се приклучувам на ДС Јунајтед во толку возбудливо време во клупската историја со отворањето на новиот стадион за само неколку недели. Преселувањето во Америка и МЛС Лигата исполнува уште една амбиција која ја имав во кариерата.  Желен сум за успех и ќе дадам 100 проценти од мене за ДС Јунајтед, нешто што го правев секогаш кога и каде и да играв“ –коментираше Руни.

Се очекува Вејн Руни да го има своето деби за новиот клуб на 14 јули на „Ауди Филд“ против тимот на Ванкувер Вајткепс.