„Дукати има огромен потенцијал“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Данило Петручи е задоволен со својот Дукати за наредната сезона. Неговата насмевка сјаеше во Херез по првиот ден од тестовите.

    Петручи не можеше да присуствува на тестовите по завршувањето на сезоната во Валенсија поради семејни проблеми.

    „Беше тоа прв ден, но многу сум задоволен. Потенцијалот на моторот е голем, се гледаат подобрувања.“

    Данило е задоволен и од пневматиците.

    „И тоа е добро, морав само една нова гума да користам. Мојот фокус е сега да го разберам моторот што повеќе и не сакам да зборувам за моите цели во наредниот период.“