Евертон подготвен да издвои богатство за Ремзи


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Од таборот на Евертон се приклучуваат во трката за фудбалерот на Арсенал, Арон Ремзи.

Велшкиот репрезентативец речиси сигурно ќе ги напушти „Топчиите“ по крајот на оваа сезона откако не најде заеднички јазик со управата на клубот за продолжување на соработката.

„Сан“ пренесува дека покрај Челси и Манчестер Јунајтед кои будно ја следат ситуацијата, за Ремзи загризал и Евертон кој е подготвен да му понуди 150.000 фунти неделна плата.

Што ќе се случи со Велшанецот останува да видиме во следниот период.