Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доминантната претстава во четвртата четвртина им ја донесе на латвијците првата победа на ЕвроБаскет 2017, тие ја совладаа Белгија во мечот од второто коло.
И покрај отсуството на Давис Бертанс, Латвија успеа да стигне до лесна победа над Белгија со резултат 92-64, во мечот од рамките на групата Д.
Кристапс Порзингис и Јанис Тима беа најдобрите играчи воопшто на теренот, и двајцата уфрлувајќи по 27 поени. Покрај тоа, Јанис Тима додаде уште 7 скока а Порзингис имаше 6 скока. Покрај овие двајца, импресивен беше и Јанис Стрелниекс, кој забележа 13 асистенции.
Од белгискиот состав двоцифрен беше само Алекс Хервел, кој постигна 12 поени.