Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Полјакот Криштоф Пјатек се појави од никаде и импресионираше на неколку натпревари во Серија А.
Веднаш потоа почнаа приказните за голем трансфер на Пјатек и највројатно тој ќе биде реализиран наскоро.
Напаѓачот на Џенова игра фантастично и постигнува многу голови, па привлече голем интерес на европските гиганти.
„Газета дело спорт“ пишува дека во борба за неговиот потпис се Барселона, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Јувентус.
Џенова би можела да го продаде за 30-40 милиони евра, а пред шест месеци го купија за само 4,5 милиони евра.