Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед оваа сезона игра далеку од вистинската форма, а најголемиот проблем на англискиот великан му прави одбраната која игра катастрофално оваа сезона.
„Црвените ѓаволи“ во досегашниот дел од сезоната примија дури 26 погодоци и имаат гол разлика само +2 што оддамна не му се случило на Јунајтед. На сите им е јасно дека најголемиот проблем на овој тим лежи во одбраната која нуди лоши партии, и сигурно е дека Мурињо ќе направи промени во зимскиот преоден рок.
Мурињо ги ангажираше скаутите на Јунајтед посебно внимание да обрнат на дефанзивци и сега е сигурно дека барем еден стопер ќе го засили клубот од „Театарот на соништата“. Според пишувањата на англиските медиуми на радарот на овој клуб се наоѓаат шест дефанзивци, а сигурно е дека еден од нив пристигнува во јануари.
Како што стојат сега работите најблиску до „Олд Трафорд“ е дефанзивец на Тотенхем, Тоби Алдервајд кој би го чинел овој клуб околу 40 милиони фунти. На Белгиецот му истекува договорот на лето, но веќе во јануари сака да го напушти клубот бидејќи е незадоволен од минутажата.
Покрај него на листата желби ма Мурињо се наоѓа и Хери Магире, Колибали, Манолас, Диоп и Милан Скринар. Сепак, тешко е да се очекува дека Јунајтед ќе успее да донесе еден од нив, и сега очигледно е дека Алдервајд ќе биде новото засилување на „Црвените ѓаволи“.