Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На прес конференцијата пред натпреварот со Вест Хем, тренерот на Арсенал, Унаи Емери говореше и за евентуалните трансфери на „Емирати“ овој јануари.
Шпанскиот стратег истакна дека клубот не може да си дозволи нови засилувања овој преоден рок, освен ако не станува збор за позајмување на некој играч.
„Не можеме да донесеме некој играч на перманентна основа. Само играчи кои би дошле на заем доаѓаат предвид.
Не знам за ситуацијата околу Денис Суарез, но знам дека нашиот клуб работи на играчите кои може да ни помогнат под овие услови за позајмица.
Знам дека Евер Банега е многу добар. Сега не можам да ви кажам ништо повеќе. Клубот работи, ми кажуваат во секој момент што може да се случи. Во овој момент немам никакви вести за денес“ –коментираше Емери.