Емери и Арсенал ќе пазаруваат во Шпанија: Има ли заедничко решение?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Унаи Емери изјави дека Арсенал во овој момент нема средства за сериозни засилувања и дека единствено позајмици доаѓаат предвид.

Како што стојат работите, од Денис Суарез од Барселона нема да има ништо, иако на Шпанецот не сметаат, Каталонците сакаат само да го продадат.

Сепак, веќе сега планираат сериозни купувања за следното лето, кога Емери со своите соработници ќе се обидат да го скројат тимот за поголеми успеси.

Одбраната е јасно проблем, а решението „Топчиите“ го пронајдоа во Андалузија.

Имено, Арсенал е заинтересиран за дефанзивецот на Бетис, Аису Манди.

Репрезентативецот на Алжир примарно игра на позицијата десен бек, но може да игра и на стоперските позиции, јасно е дека неговата поливалентност исклучително и одговара на екипата од Северен Лондон.

Се чини дека до крајот на јануари нема да можат да го донесат, но затоа ќе се обидат тоа да го сторат на лето, а 27-годишниот дефанзивец во својот договор има откупна клаузула од 30 милиони евра.

Арсенак како што се наведува е подготвен а плати, ќе се обиде да се договори со управата на Бетис, кој нема така лесно да се откаже од него.