Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лондонскиот Арсенал во јануари ќе се засили во одбраната откако Унаи Емери се соочува со големи проблеми во последната четворка поради повредени играчи.
Медиумите во Англија пренесуваат дека „Топчиите“ во јануари ќе се обидат во своите редови да го донесат 28 годишниот фудбалер на Торино, Николас Нкоулу.
Нкоулу игра одлично во дресот на Торино оваа сезона каде на 19 настапи успеал да постигне и два погодоци.
Камерунецот пристигна во Торино од Лион уште во 2017 година, но тогаш како позајмен фудбалер, а минатото лето и перманентно потпиша за „Биковите“ за 3.5 милиони евра.
Сепак од Лондон сега се подготвени да платат многу повеќе од тие пари за да го обезбедат потписот на редовниот репрезентативец на Камерун.