„Емилијано не сакаше да се качи во авионот, но некој го натера со сила!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пријател на Емилијано Сала крена многу „прашина“ во јавност со изјавата дека аргентинскиот напаѓач воопшто не сакал да се врати во Кардиф вечерта.

Пред две недели беше потврдено дека исчезнал авионот во кој бил Сала, а во неделата бил пронајден трупот на дното на морето во Англискиот канал. Во авионот се наоѓа и едно тело, но уште не е познато дали станува збор за Сала или пилотот на авионот.

Оваа трагедија ја потресе фудбалската јавност, но и семејството на Сала. Тие собираа пари за да продолжи истрагата и на крајот успеаа да го најдат авионот, но за жал на дното на морето.

„Емилијано не сакаше да се качи во авионот. Се слушнавме тој ден и ми кажа дека сака да остане во Нант, па наредниот ден да замина за Велс, зашто бил премногу изморен за патување. Не знам кој решил на крај да патува, но сакам да се најде таа личност“, вели неговиот пријател.