Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус и официјално се приклучи на турскиот тим на Бешикташ.
Германецот следните две години ќе ги помине како позајмен фудбалер во турскиот гигант, а потоа ќе може и перманентно да се пресели на Босфорот.
Кариус во досегашната кариера за Ливерпул настапи на 49 средби по неговиот трансфер од Мајнц во 2006 година.
25 годишниот голман ќе остане запаметен по несфатливите грешки на финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид кога им подари два гола на „Кралевите“ кои потоа стигнаа до европската титула.