Ефикасен натпревар во Милано: Интер подобар од Фиорентина


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Неверојатен натпревар на „Џузепе Меаца“, Интер водеше со 3:0, а потоа и со играч повеќе, а на крајот им даде шанса да гостите да израмнат.

    Фудбалерите на Интер победија на домашен терен против Фиорентина со 4:2 во 14-то коло во Серија А.

    Интер започна жестоко во натпреварот и по само 9 минути игра имаше 2 голови предност. Прво Брозовиќ постигна гол за 1:0, а 6 минути подоцна, Кандрева беше на вистинско место по акцијата од десната страна и зголеми на 2:0.

    Во 19-та минута, Икарди направи одличен пробив и погоди за 3:0.

    Сепак, Калиниќ во 37-та година го искористи додавањето на Бадељ за 3:1, а кога Родригез доби црвен картон, делуваше дека се е готово.

    Меѓутоа, Фиорентиан во 62-та минута со играч помалку успеа да намали на 3:2.

    На крајот Жоао Марио пропушти голема шанса да го реши натпреваро, но во 91-та минута Икарди со својот втор гол ги постави конечните 4:2.