„Жал ми е што му ја „украдов“ Златната топка во 2000 година“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Луис Фиго е еден од ретките фудбалери кој успеа во својата кариера да игра за Барселона и Реал Мадрид.

    Некогашниот португалски фудбалер е еден од многуте кој денеска го честиташе 40-тиот роденден на легендата на Рома, Франческо Тоти.

    Фиго имаше можност да игра против Тоти, а не ја крие тагата што не заигра во истиот тим со капитенот на Рома.

    „Знам дека требаше да дојде во Реал Мадрид додека бев таму, жал ми е што тоа не се случи. Му посакувам се најдобор за 40 тиот роденден, тој е доказ дека се се може кога се сака. За мене тој е единствен игралч кој заслужи да освои Златна топка.

    „Жал ми е што му ја „украдов“ во 2000 година кога тој беше главен конкурент“ ,рече Фиго.

    Тоти во 2000 година беше на чекор од освојување на Златната топка, но таа на крајот отиде во рацете на Португалецот.

    После тоа Тоти повеќе не беше во потесниот круг на играчи за оваа награда.