Жиру мора да замине за да обезбеди место во авионот за Русија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Арсенал, Оливие Жиру е во сенка на неговиот сонародник Александер Лаказет и се помалку добива шанса за докажување од Арсен Венгер.

На искусниот фудбалер му е кажано дека мора да игра поредовно доколку сака да се најде во стартниот тим на француската репрезентација на Светското првенство во Русија. Одредени фактори во францускиот фудбал дури го советуваат Жиру да замине од Арсенал уште во јануари.

Асистентот на Дидие Дешамп, Гај Стефан во изјава за француските медиуми истакна: „Дидие имаше можност да зборува со него околу ситуацијата во која се наоѓа и сега Оливие мора да најде решение во следните неколку недели.

Позајмица во јануари? Тоа зависи од него. Оливие е многу добар за нас во последните месеци и има доста високо ниво кога во прашање се натпреварите на кои настапил и головите кои ги постигнал на истите, но тој мора да игра повеќе за да обезбеди сигурно место во репрезентацијата.“