Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оливие Жиру уште одмар аоткако со репрезентацијата на Франција го освои Светското првенство во Русија.
Искусниот 31-годишен напаѓач наскоро ќе се врати во Челси, а не го заборава тимот во кој ја почна кариерата, а тоа го покажа и денска.
Жиру го посети Гренобл за да му покаже благодарност за успесите во кариерата. Тој во екипата ја помина цела младинска кариера и доби шанса за игра во првата екипа.
Останатото е историја. По Турс и Монпеље во 2012. година потпиша за Арсенал, а минатата зима пристигна во Челси.
Стана стандарден репрезентативец на Франција со која го освои Мундијалот и потоа се врати во тимот за да им се заблагодари за тоа што го направија за него.
Како подарок од раководството на францускиот второлигаш го доби дресот со број 38.