Заврши предсезоната во НБА: Кари и Дурант испратија јасна порака


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Со дуелите помеѓу Феникс и Лејкерс, односно Голден Стејт и Портланд заврши предсезоната во НБА.

    Феникс победи против Лејкерс со 98:94, а најдобри во тимот на Феникс беа Лен со 16 и Ворен со 15 поени.

    Кај Лејкерс беше најдобар Расел со 17 поени, 7 скокови и 6 асистенции.

    Во последниот натпревар Голден Стејт успеа да победи против Портланд со 107:96. Одличен беше тандемот Кари-Дурант. Тие заедно постигнаа 63 поени.

    Кари имаше 35, а Дурант 28 поени.

    Новата сезона започнува ноќта помеѓу вторник и среда.