Започнува Евролигата: Реал и Олимпијакос ја отвораат новата сезона


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Новата сезона во Евролигата стартува денес со натпреварот помеѓу Реал и Олимпијакос.

    Најквалитетното европско натпреварување ќе започне вечерва.

    За тоа кој е фаворит, најпрво мора да ја споменеме ЦСКА, како и Фенербахче.

    Тука се секогаш и квалитетните Реал и Барселона, како и Панатинаикос и Олимпијакос.

    Тимовите ќе играат по 30 кола во систем на лига, а најдобрите 8 ќе играат во плеј-оф.

    Евролигата секако подготви и парични награди, па на секој освојувач ќе му припаднат милион евра додека финалистот ќе мора да се задоволи со двојно помал износ.

    Екипата која ќе биде 3-то место ќе добие 300.000, а 4-то место со 200.000 евра.