Затвор или условна казна – Судењето на Меси закажано е три денови пред Ел Класико!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ѕвездата на Барселона, Меси ќе се најде пред судот само 3 денови пред големото „Ел Класико“ против Реал Мадрид.

Таткото и синот Меси во јули минатата година беа осудени на 21 месец затвор поради криење на данок, но се жалеа на врховниот суд во Шпанија, па ново судење е закажано за 20-ти април.

Па така Меси ќе се појави пред судот на само 3 денови пред големиот натпревар против Реал мадрид, во кој би можел да се дознае името на новиот шампион на Шпанија.

Лео и неговиот татко Хорхе Меси се обвинети по три точки за даночна измама, па се обвинети за избегнување на плаќање данок од 4 милиони евра во период од 2007 и 2009 година.

Ако се потврди казната, Лео најверојатно нема да оди во затвор, затоа што за осуди кои се помали од 2 години можен е договор за условна казна.

Судот претходно и кажа на ѕвездата на Барселона да плати 2 милиони евра казна, а неговиот татко ќе плати 1.5 милион.