Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Италијанскиот тренер Фабио Капело е „маѓепсан“од играта на Лионел Меси, кој заедно со Марадона и Пеле ги смета за најдобри фудбалери на сите времиња.
„Пеле, Марадона и Меси се трите најголеми играчи во историјата на фудбалот. Кога луѓето ќе ја видат нивната игра овие мои зборови апсолутно се точни. Му благодарам на Меси за одличните игри кои и понатаму ги покажува.“
Искусниот тренер се сложи и со оцената на Сампаоли кој пред 11-то коло во Примера против Барселона изјави дека треба да постојат 2 награди „Златна топка“, една за Меси и друга за сите останати.
„Се сложувам со Сампаоли. Тоа што го видовме од Меси во дуелот со Севиља е највисоко ниво на фудбал.“