Здрав живот, одлични резултати и врвна игра: Најподготвените спортисти на планетата!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Во секој спорт е возможно да се најде барем еден примерок на вистинска атлета, спорист кој со секојдневниот тренинг ги крева своите можности на целосно друго ниво, па така направија разлика во однос на сите останати луѓе на планетата.

    Во обид да се одвојат 10-на од нив кои предводат цела колонија, мораше да се направи голема анализа низ различни фактори меѓу кои се: силата, издржливоста, флексибилноста, мобилноста, кондицијата, тренинг режимот, диета и режим на исхрана, како и промоција на спортот, здравиот живот и вклученост во заедниците.

    Во продолжение следат 10 најподготвени спортисти на планетата.

    Стеф Кари(кошаркар)

    Еден од најподготвените кошаркари во светот е НБА ѕвездата, Стеф Кари. Оваа вистинска атлета на 16-ти јуни го погоди својот 381 обид за шут за три поени во 2015-та година, а тоа е неверојатно. Прогласен беше за МВП, а два пати беше на „НБА Ол Стар“. Уште сега се смета за еден од најдобрите шутери за три поени на сите времиња, а тоа го постигна благодарение на силната диета и тренинг рутината.

    Лионел Меси(фудбалер)

    Човек кој и покрај проблеми со развојот, со својот талент и жестокиот тренинг успеа да стане ѕвезда во фудбалот. Тој е прв во историјата кој освои четири „Златни топки“, како и 3 европски „Златни копачки“. Со Барселона освои се: 7 пати Примера, три пати кралскиот куп, 6 пати Суперкупот, 4 пати ЛШ, два пати УЕФА Супер куп, како и 2 ФИФА светски клупски првенства.

    Владимир Кличко(професионален боксер)

    Човек чија доминација веќе со години им се здосади на боксерските фанови ширум светот. Украинецот Кличко е шампион во супертешка категорија, која ги има ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО верзиите. Докторот по спортски науки, кој претставува вистински пример како еден спортист треба да изгледа и како да се однесува во и надвор од рингот.

    Леброн Џејмс(кошаркар)

    Најголемиот кошаркар во денешницата, големиот Леброн Џејмс, човек кој може да се пофали со 11 учества на „НБА Ол Стар“, 2 пати освоена шампионска титула, 4 пати МВП, 2 МВП во финале, 2 златни медали на ОИ.

    Кристијано Роналдо(фудбалер)

    Во светот на фудбалот, по прашањето за физичка подготвеност, Роналдо нема рамен одамна. Неговата работна етика го донесе до освојување на дури 3 „Златни топки“, до 4 европски „Златни копачки“, до признанието за најдобар играч на годината во светот, во Европа, но и до многу други клупски признанија, како во ПЛ, така и во Примера.

    Роџер Федерер(тенисер)

    Легенда на тенисот, за кој веќе може да се каже дека е најдобриот играч на сите времиња. Роџер Федерер во кариерата освои 17 Грен Слем титули, учествуваше на 25 Грен Слем турнири, од кои 10 беа по ред. Иако повеќе не е „број 1“, почитта на останатите тенисери, но и сите останати спортисти кон овој тенисер е огромна.

    Флојд Мејведер(професионален боксер)

    Иако не може да се пофали со испраќање на убава слика во светот, тој постојано се фали со своето големо богатство, Флојд Мејведер сепак е добар пример колку цврстината и трпението може да бидат ефикасни во животот и што може да се постигне со голема посветеност на работата. Тој прв пат стана шампион во 1998 година со 21 година, а до денес има 48 победи во кариерата(26 со нокаут) и притоа нема ниту еден пораз.

    Усеин Болт(спринтер)

    Човекот кој сите го знаат како најбрза личност на планетата, е прв кој го сруши светскиот рекорд на една Олимпијада на трките на 100 и 200 метри, чиј сопственик е и ден денес. Има дури 6 освоени златни олимписки медали.

    Мајкл Фелпс(пливач)

    Овој голем пливач беше најмлад член на американската олимписка експедиција, чиј член стана на само 15 години. Сруши светски рекорд на трката на 200 метри во пеперутка стил на само 16 години, а подоцна злато освои на скоро секое натпреварување на кое што учествуваше. Така во период од 2004 до 2012 година, неговата полица стана побогата за 22 медали, 18 златни, 2 сребрени и 2 бронзени.

    Новак Ѓоковиќ(тенисер)

    Тој со години во светот важи за еден од најголемите спортисти на денешницата. 9 пати освојуваше Грен Слем титули, а покрај огромниот број на признанија, два пати беше прогласен и за машки спортист на годината од страна на Американската спортска академија. Еден од најинтересните фактори за него е тој што долго време имал алергија на глутен, поради кој мислел дека има други здравствени проблеми, а по откривањето на проблемот, не само што стана непобедлив, туку и еден од најголемите амбасадори на здрав живот.