Зидан вторпат кажа „НЕ“: Реал не губи време, па почна преговори со новиот тренер…?!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Зинедин Зидан по вторпат го одби повикот да се врати во Реал. Тој ќе го чека летото, како што се наведува и на Анјели му кажал дека не сака да ја преземе клупата, ако Алегри замине пред крајот на сезоната. Французинот е заинтересиран за Јувентус, но сака добро да размисли.

Ова беше знак за Перез да ги започне преговорите со Мендеш.

Имено, се поизвесно е дека Мурињо ќе се врати на „Бернабеу“, тоа би бил популарен потег кај навивачите, и би ја спасило кожата на Перез.

Првиот човек на Реал има јасна цел, да се договори со Мурињо што е можно побрзо, ако е можно до следниот меч, што е сепак преамбициозно.

Од друга страна, Мурињо размислува, тој најверојатно ќе ја прифати понудата, но би сакал тоа да биде од лето, и потребни му се гаранции околу екипата.

„Немам проблем да се вратам“, беше се што кажа, од друга страна веќе работи на процесот да се смири со Рамос, од претходниот мандат тука се седуммина играчи во клубот, англиските медиуми тврдат дека договорот е блиску.

Мурињо веројатно ќе бара да останат Бејл и Марсело, ќе се обиде да состави тим од неколку познати лица, но и неколку засилувања.

Во времето на најдобрата Барселона, тој успеа да земе една титула и да ги сруши сите рекорди, го освои Купот како и Суперкупот на Шпанија. На клупата беше три години, замина по судирот со Роналдо и Рамос.