Зидан остана без двајца стартери


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се најде во проблеми пред реванш средбата против Баерн Минхен во рамките од полуфиналето од Лигата на шампионите.

„Кралевите“ на домашен терен ќе ја бранат предноста од 2:1 добиена во Минхен, но во тоа нема да може да им помогнат Иско и Карвахал.

И двајцата веројатно ќе ја пропуштат средбата со Баерн поради повреди, а на полесна повреда се пожалил и Тони Крос, така што Зидан би можел да има доста проблеми во вторник кога се работи за составот за дуелот со Баварците.