До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шпанецот може да облече трет различен дрес во Лондон.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Сеск Фабрегас е се наоѓа на мета на Вест Хем, кој веќе во јануари ќе пробаат да го убедат да го облече бордо – синиот дрес.
Фабрегас е на мета на критичарите, не игра на своето ниво, а кај Антонио Конте дури во дербито со Арсенал беше стартер, но е заменат веќе на стартот на второто полувреме.
Тоа сака да го искористи Славен Билиќ и да проба да го убеди за веќе на зиам да премине во Вест Хем на кој тим истотака не му цветаат рози, поради тоа што во досегашните пет кола има само една победа.
Инаку, не треба да се заборави дека Вест Хем и Челси се големи ривали, а Фабрегас веќе го замразија фановите на Арсенал поради тоа што го прекрши ветувањето и го облече дресот на Сините.
Освен Вест Хем, интерес за Фабрегас покажа Милан, а не е исклучено за италијанскиот клуб истотака пробува да го доведе на зима, или во наредното лето.















