Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Манчестер јунајтед и понатаму му верува на тренерот Жозе Мурињо, но очигледно довербата ќе исчезне доколку не го однесе тимот во Лигата на шампиони наредната сезона.
Управата на Јунајтед постави ултиматум, а очигледно Мурињо ќе има проблеми и да обезбеди пласман во топ 4 во Англија.
„Црвените ѓаволи“ не играат најдобро сезонава, па сега својата шанса мора да ја бара преку Премиерлигата.
„Сан“ пишува дека Мурињо ќе добие отказ доколку неговиот тим не се пласира во Лигата на шампиони, а како негова замена се споменува Маурицио Покетино, тренерот на Тотнем.