Иан Кларк нов играч на Пеликанс


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играчот кој беше дел од минатогодишниот шампионски тим на Голден Стејт Вориорс, Иан Кларк, има нова екипа. Тој последниов месец беше по потрага по нов договор со некој од тимовите од НБА лигата и денеска беше објавено дека Кларк ставил потпис на едногодишен договор со тимот на Њу Орлеанс Пеликанс.

 

Кларк беше во потрага по финансиски моќен договор кој би му овозможил да заработи повеќе пари отколку што заработуваше со Вориорс. Но работите не испаднаа како што тој сакаше затоа што со договорот кој го потпиша со Пеликанс ќе заработува нешто помалку од 2 милиони годишно.

Тој претходно одбиваше понуди од тимовите на Минесота, Њу Јорк и Бруклин затоа што тие не му ја понудија платата која ја посакуваше. Во комичен сплет на околности тој потпиша договор со кој ќе заработува многу помала сума отколку онаа на која се надеваше.

 

Иан Кларк е играч кој игра на позицијата бек-шутер и најчесто влегува од клупата. Има одличен шут за три поени и нуди солиден учинок како во напад, така и во одбрана. Тимот на Њу Орлеанс полека се комплетира и во наредната сезона тие ќе се обидат да бидат на некое од осумте места кои водат во плејоф.