Ибрахимовиќ: Ги слушнав како викаат дека им треба Златан, па им го дадов!

Златан Ибрахимовиќ не можеше да замисли подобро деби за ЛА Галакси, откако постигна два гола за екипата доволни за пресврт и победа против големиот градски ривал.

Ибра го воодушеви светот со својот настап на теренот, но и со неговата изјава.

„Ги слушнав навивачите како викаат: Го сакаме Златан! Па, им го дадов Златан. Ми помогнаа, а јас им се одолжив“, кажа Ибра.