Иван Ракитиќ пред голем трансфер: Хрватот се сели во Англија


    Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


    Иван Ракитиќ се наоѓа пред уште еден голем трансфер.

    Откако пред неколку години го замени дресот на Севиља со оној на Барселона, сега би можело да направи уште еден голем трансфер.

    „Mundo Deportivo“ тврди дека Жозе Мурињо сериозно е заинтересиран за неговите услуги, и се би направил да го донесе на „Олд Трафорд“.

    Барса, сепак, нема намера да го продаде 28-годишниот играч од средниот ред. Тие му понудија продолжување на договорот до 2019. година, но конечната одлука ќе ја донесе Ракитиќ.

    Хрватскиот репрезентативец е член на каталонскиот гигант од 2014. година, а претходно ги носеше дресовите на Севиља, Шалке и Базел.