Игор Стефановски на првата трка четврти, а на втората пети во Монца


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Игор Стефановски на двете трки во Монца забележа солиден резултат.

Во првата трка македонскиот возач стартуваше од седмата позиција, но брзото помина двајца возачи и стигна до петата позиција. Потоа го помина бугарскиот возач Кралев и заврши на четвртата позиција. Петр Фулин победи на првата трка во Монца.

Иџе лошо стартуваше во втората трка, падна на шестата позиција. По неколку круга стигна до петата позиција, а подоцна го напаѓаше и четвртото место, но не успеа. Шрајбер од Швајцарија победи на втората трка во Монца.

Македонскиот возач после две трки има 9 бода и се наоѓа на четвртото место. Следната трка е за две недели на патеката Хунгароринг.