„Играв многу лошо“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер, Надал играше многу лошо на Мастерсот во Мадрид.

Надал со многу маки стигна до победа против Фоњини со 7:6, 3:6 и 6:4 и се пласираше во 1/8-финале.

„Реален сум. Не играв лошо, играв многу лошо. Но иако играм лошо, мојот став беше позитивен. Ставот и желбата за победа беа присутни. Нивото на мојот тенис не беше на највисоко ниво, но успеав да победам. Малку се чувствував чудно, но ситуацијата се поправи.“

Тој во 1/8-финале ќе игра против Кирјос.

„Кирјос е еден од играчите со кои е тешко да се игра. Тој е многу незгоден, но на земја можеби ќе биде полесно против него. Тој секако ќе изврши голем притисок. Агресивен е, сервира добро, а јас морам исто така да играм многу добро.“