Игуаин го спаси Гатузо од сигурен отказ (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во последниот натпревар од 19. коло од Серија А, екипата на Милан по пресврт со 2:1 славеше против тимот на СПАЛ.

Уште во 13. минута гостите преку Петања стигнаа до водство и ги шокираа сите присутни на „Сан Сиро“. Сепак, Росонерите брзо се разбудија и во 16. минута го израмнија резултатот преку Кастаљехо.

Во продолжение Милан имаше повеќе од играта, а голот вреден победа го постигнаа во 64. минута преку Гонзало Игуаин.

Со оваа победа Милан дојде до 31 бод и скокна на петтата позиција на табелата, со еден бод помалку од Лацио.