Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин, најверојатно, летово ќе го напушти Јувентус.
Јувентус го ангажираше Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, па така стана јасно дека нема да има место за сите напаѓачи во екипата.
Масимилијано Алегри одлучи дека Игуаин треба да си ја побара среќата во друга екипа и поради тоа ќе го продаде летово.
Постојано се шпекулира за неговата наредна дестинација, а најзаинтересирани екипи за него се Челси и Милан, но официјално понуда уште нема.
Наводно, Јувентус чека вистинска понуда, односно ќе го пуштата да замине за 60 милиони евра, што е речиси двојно помалку од тоа колку го платија пред неколку години (100 милиони евра).